Мексико: Уапсен злогласниот „Ел Рики“ – вториот човек на картелот Норсете

Мексиканските власти го уапсија Рикардо Гонзалес Сауседа, познат како „Ел Рики“ или „Мандо Р“, кој беше идентификуван како регионален лидер на картелот Норсете во сојузните држави Нуево Леон и Коахуила.
Апсењето беше извршено во координирана операција на безбедносните сили во градот Нуево Ларедо.
Според мексиканските медиуми, „Ел Рики“ се смета за вториот најважен човек во оваа криминална организација, веднаш по Хуан Сиснерос Тревињо, познат како „Хуанито Тревињо“.
Мексиканските власти соопштија дека неговото апсење било спроведено од федералните сили во заедничка акција во која учествувале припадници на Специјалните одбранбени сили, Морнарицата, Канцеларијата на државниот обвинител (ФГР), Националната гарда и Секретаријатот за јавна безбедност (ССЦ).
Сауседа ќе биде транспортиран со хеликоптер на мексиканските воздухопловни сили во Мексико Сити.
Според официјалните информации, уапсениот е обвинет за повеќе кривични дела, вклучително и убиство со умисла, нанесување тешки телесни повреди и други криминални активности. ссм/фото: принт скрин .
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
