Мексиканскиот весник „Норте“ најави дека повеќе нема да излегува од печат

Мексиканскиот весник „Норте“ најави дека по 27 години повеќе нема да излегува од печат, поради намалување на безбедноста на границата со САД.
Главниот уредник на весникот „Норте“ во градот Хуарез во сојузната држава Чивава ги најави плановите за суспендирање на публикациите во весникот, нагласувајќи дека одлуката е донесена поради недостиг на гаранции за критичко новинарство.
Најавата на Оскар Канту доаѓа една недела по убиството на новинарот, кој работел за „Норте“, Мирослава Брич (54), која пишувала за теми поврзани за организираниот криминал за „Норте“ и за весникот „Ла Јорнада“. Таа беше нападната и убиена во нејзиниот автомобил од еден или повеќе засега непознатаи напаѓачи.
Брич беше убиена само неколку денови по смртта на главниот уредник на порталот „Ел Политико“ во сојузната држава „Веракруз“.
Мексико е на 149. место на листата за слобода на медиумите на репортери без граници, што го прави најопасна земја во која нема војна.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
