МекМастер: Балканот останува високо на листата на приоритети на САД
Западен Балкан продолжува да биде високо на листата на приоритети на САД, порача советникот за национална безбедност на САД Херман МекМастер по состанокот со министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Босна, Косово, Србија и Црна Гора.
Мекмастер изјавил дека американската администрација останува посветена на евро-атланските аспирации на балканскиот регион, јави Танјуг.
Според Белата куќа, на состанокот се разговарало за можностите САД и земјите од западен Балкан да ги координираат своите напори за мир, просперитет и владеење на правото во регионот, како и да се спротистават на предизвици како што се корупцијата и организираниот криминал.
Се разговарало и за продлабочување на соработката против тероризмот.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ по средбата изјави дека целта на состанокот била да се испрати порака дека САД сакаат стабилност и напредок во регионот.
Ново на Сител
-
Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење
-
Приведен 29-годишен возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога
-
Влада: Од денеска до 15 септември училишниот прибор со намалени цени од 10 и 15 проценти
-
Десетици уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда
-
Приведени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар
-
Презентација на нови 29 лесни оклопни возила за Армијата
-
Вкупно 29 пожари на отворено изминатите 24 часа, два сè уште активни
-
Германскиот канцелар го повика Путин да започне сериозни преговори со Трамп на Алјаска