Свет
24. July 2016 - 13:08

Меклафлин: Референдумот за Брегзит има обврзувачка сила за британскиот Парламент

Претседателот на британската Конзервативна партија, Патрик Меклафлин, изјави дека референдумот за Брегзит, со кој беше одлучено земјата да ја напушти ЕУ, ќе биде обврзувачки за британскиот Парламент и дека член 50 од Лисабонскиот договор, што официјално го почнува процесот на напуштање на Унијата, ќе биде активиран пред следните избори, пренесоа британските медиуми.

-Сосема ми е јасно дека резултатот од референдумот е обврзувачки за Парламентот, изјави Меклафлин во гостувањето во „Шоуто на Ендрју Мар“ на Би-Би-Си.

Меклафлин додаде дека член 50 сос сигурност ќе биде активиран пред следните избори.