Меј: Предвремените избори ќе ја зајакнат позицијата на Лондон во преговорите со ЕУ

Предвремените избори во Велика Британија ќе обезбедат стабилност на подолг временски период и ќе ја зајакнат позицијата на земјата во преговорите со Европската унија, изјави денеска британскиот премиер Тереза Меј.
Во интервју за Би-Би-Си, Меј истакна дека кампањата за редовните избори во 2020 година би се совпаднала со клучната етапа од излегувањето на земјата од Европската унија.
- Предвремените избори одговараат на националните интереси на Велика Британија, нагласи таа.
Меј освен тоа истакна дека опозициските партии планирале да го спречат процесот на Брегзит.
Се очекува Велика Британија да ја напушти ЕУ во март 2019 година. Предвремените избори во јуни означуваат дека Британците ќе гласаат повторно во 2022 година, што ќе му овозможи на премиерот повеќе простор за маневри во преговорите со Унијата.
- Втор референдум за членството на Велика Британија во ЕУ нема да има, рече Меј и изрази увереност дека преговорите со Унијата за Брегзит може да бидат завршени во предвидениот рок од две години.
Меј вчера ненајдено повика за одржување предвремени избори на 8 јуни. Долниот дом на британскиот Парламент ќе се произнесе денеска за нејзиното барање.
За распишување предвремени избори на Меј и е потребна поддршка од две третини од членовите на Долниот дом.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
