Меј: Пред да гласаат, пратениците ќе добијат детална анализа за Брегзит
Пратениците во британскиот Парламент ќе добијат детална анализа на договорот за напуштање на Велика Британија на Европската унија, пред да гласаат за негово евентуално прифаќање, изјави британската премиерка Тереза Меј за време на нејзината денешна посета на Кина.
Лондон и Брисел водат детални преговори за идните односи на Велика Британија и Европската унија, кои треба да ги уредат правата на државјаните и трговските и регулаторните односи.
- Кога ќе дојде време Парламентот да гласа за конечното решение, ќе обезбедиме детална анализа врз основа на која пратениците ќе можат да донесат одлука базирана на добри информации, изјави Меј.
Лондон по Брегзит планира да покаже дека Велика Британија самостојно гради односи со целиот свет. При својата посета на огромниот универзитетски град Вухан во Кина, Меј изјави дека очекува почеток на нова, златна ера во односите меѓу Велика Британија и Кина. Двете земји воедно склучија низа договори во областа на образованието и промоцијата на англискиот јазик во Кина.
Ново на Сител
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески