Македонија
13. May 2019 - 8:52

Меј до Пендаровски: Се надевам на уште поблиска соработка меѓу Лондон и Скопје

Британската премиерка Тереза Меј му го честиташе на Стево Пендаровски преземањето на должноста претседател на Република Сееверна Македонија.

– Честитки за вашата инаугурација како претседател на Северна Македонија. Јас бев сведок на силната врска помеѓу Северна Македонија и Велика Британија за време на мојата посета минатата година и се надевам на уште поблиска соработка меѓу нашите земји, напишта на Твитер, Терза Меј во честитката до Пендаровски.