Македонија
8. March 2017 - 17:09

Меѓународниот ден на жената - 8 март одбележан и во Македонија

Еден од главните предизвици на жената денес во Македонија е да се направи баланс меѓу приватниот и професиналниот живот. Да добијат поголема поддршка од мажите во однос на чувањето деца и домашните обврски.  Во Македонија се уште постои стереотипот дали жената може да се носи со улогата да врши значајна функција во општествено политичкиот живот вели  Тања Томиќ координаторката на проектот еднакви.мк. Томиќ потенцира  нееднаквоста е сеуште присутна од аспект на менаџерските позиции.

– Од  2 до 5 проценти жени се наоѓаат на високи менаџерски позиции. Преку голем  број проекти во државата тој процент се менува но се уште не надминува 10 проценти. За разлика од бизнисот во областа на политиката сликата е поинаква. Во некои области како политиката учествуваат со 40 проценти но не и во бизнисот. Во најголема мера жените  добиваат минимална плата, затоа е потребно да се промени перцепцијата да бидат еднакви и жените и мажите. Ако завршиле високо образование жените можат и да се носат со високи менаџерски позиции...

Томиќ со порака до сите жени празникот 8ми март да им служи за потсетување каква била нивната положба во минатото и колку успеале до денес. Да веруваат во себе и да се трудат да го постигнат она што го посакуваат.

Според статистиката, во однос на мажите поголем е бројот на дипломирани жени во Македонија 57,1 процент како и бројот на жени магистри 58,6 проценти. Во 2015 имало 143 жени доктори на науки.  Процентуално жените се половина од населението во државата. Над 95 проценти од вработените жени се пријавени на цело работно време. Според податоците од ДЗС  жените во Македонија најчесто  решаваат да родат едно до две деца, а во однос на слободното време вработените поминуваат само 15 проценти на слободни активности, додека невработените 21 процент посветуваат за себе. Останатиот дел од денот  го минуваат во чување деца, готвење и други домашни обврски.