Меѓународна наградата за деканот на Факултетот за безбедност за унапредување на правата на жртвите
Виктимолошкото друштво на Србија на проф. д-р Оливер Бачановиќ, деканот на Факултетот за безбедност-Скопје му ја додели наградата за 2016 година за придонес во унапредување на правата на жртвите која се доделува на поединци / индивидуални активисти и организации кои со своите постапки или напорите дале голем и долготраен придонес за подобрување на правата на жртвите и постигнување на целите.
Наградата му е доделена за неговиот придонес во унапредувањето на правата на жртвите во Македонија и целиот регион на поранешна Југославија, за афирмација на Виктимологијата во Македонија, регионот и пошироко, како и за изградба и афирмација на млади професионалци, кои се занимаваат со научно истражувачка работа од областа на Виктимологијата.
Професорот Бачановиќ е еден од втемелувачите на Виктимологијата во Македонија и е прв кој во поранешната Југославија почна да го предава предметот Виктимологија на високообразовна институција. Од 1981 година работи на Факултетот за безбедност при Универзитетот "Св. Климент Охридски ", каде во моментов е декан и предава Виктимологија, Малолетничка делинквенција и криминал на штета на децата и Пенологија.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор