Меѓународна конференција „Населението на Балканот на прагот на 21-от век“

Во организација на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од денеска до 24 октомври во Охрид ќе се одржи Петтата меѓународна конференција за демографијата на Балканот на тема „Населението на Балканот на прагот на 21-от век“.
Конференцијата е посветена на проценка на демографската ситуација на Балканот на почетокот на 21-от век и главните демографски трендови, како и на нивните потенцијални ефекти на среден и долг рок. На конференцијата ќе присуствуваат истражувачи од областа на демографијата од повеќе земји.
Во рамки на петте сесии на конференцијата ќе се дискутира за нискиот фертилитет на Балканот и неговите импликации врз порастот на населението и демографското стареење, морталитетот и здравјето на населението и внатрешните и надворешните миграции на населението во балканските земји. Теми на сесиите се и стареењето на населението и промената во структурата на семејствата и домаќинствата и просторната дистрибуција на населението во Балканските земји.
Во рамки на конференцијата е организирана и работилница на тема Прибирањето на податоци за населението во Балканските земји, искуства од последниот попис на населението во 2010 година: методолошки концепти, прибирање на податоци на терен, споредливост на податоците и методи за дисеминација на податоците за населението. На работилницата ќе присуствуваат претставници на заводите за статистика, меѓународни организации и корисници на податоци.
Се очекува оваа конференција да понуди нови сознанија од истражувањата на наведените теми и да даде значаен придонес во расветлување на најзначајните демографски прашања на Балканот во 21-от век.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
