Меѓународен симпозиум за најсовремени дијагностички медицински процедури во МАНУ

Повеќе од 200 учесници од Европа, Азија, Африка и Јужна Америка присуствуваа на дводневниот Меѓународен научен симпозиум посветен на т.н. следна генерација дијагностички процедури и можностите за нивната примена во различните медицински гранки што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје.
Симпозиумот, како што информираат од МАНУ ги отвора вратите за воведување на најсовремени дијагностички процедури и персонализираната медицина во Република Македонија.
Овие процедури претставуваат најсовремени генетски анализи кои овозможуваат анализа на целокупниот геном на пациентот, а се извонредно значајни во дијагностиката на наследните и особено малигните болести. Анализите овозможуваат утврдување на сите генетски дефекти кои се причина за појава на болеста, а врз основа на тоа и аплицирање на најсоодветна терапија, која е токсична само за малигните клетки и не е штетна за здравите клетки и ткива.
Организатори на симпозиумот се академик Момир Поленаковиќ од МАНУ и академик Димитар Ефремов од Интернационалниот центар за генетски инженеринг и биотехнологија од Трст, Италија. На симпозиумот учестваа врвни експерти од водечки медицински центри во Шведска, Германија, Велика Британија, Холандија, Швајцарија, Италија и Грција. Меѓу учесниците беше и професор Ана Ведел, претседател на Комитетот за Нобелова награда во медицината.
Ново на Сител
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
