-->
-->
Меѓународен саем на патенти и иновации во Скопје
-->
Во Скопје од денеска до 23-ти овој месец ќе се одржи Меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2017.
На саемот ќе бидат презентирани пронајдоци и иновации од Кина, Малезија, Руската Федерација, Тајван, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Македонија. Македонските иноватори ќе може бесплатно да ги изложат нивните пронајдоци.
Саемот ИНОВАМАК 2017 го организира „Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија“, претставник на Република Македонија во IFIA - Светската федерација на сојузи на пронаоѓачи.
Саемот ќе се одржи во Домот на АРМ, а работното време е од 10 до 19 часот. Наградите за најдобрите иновации ќе бидат доделени на 23 ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел