Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар
Третото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ ќе се одржи денеска и утре во Гостивар.
На фестивалот, кој свечено ќе биде отворен вечер во 19 часот, ќе се претстават поетите финалисти избрани во конкуренција на 125 поети од земјава и од повеќе балкански земји. Изборот го направи жири комисијата чиј претседател е истакнатиот македонски поет, есеист и критичар Бранко Цветкоски.
Тоа се поетите: Исток Улчар, Наташа Василевска Трајчевска, Митре Мангоски Радождански, Невриј Адеми, Надица Тренчева, Слаѓана Ставрева, Константин Карев, Ивана Китаноска, Валентина Трајкоска, Маријана Давиткова, Митко Гогов сите од Македонија како и Вања Савова, Катја Вангелова и Пламен Димитров Парнарев од Бугарија.
- Годинашната поетска жетва, најригорозниот, би рекол златниот одбир на гостиварскиот и меѓународен фестивал „Литературни искри“ се одликува со суптилна тематска архитектоника, со разнородна, но високо мотивирана стилска изведба, со бројни микропоетички градации на темите на современата личност загледана и упатена кон големите очекувања, пресвртите и жестокостите на животот, со уверлива експонажа на внатрешната устројба на песните, пишува во својот осврт претседалот на жири комисијата, Цветкоски.
Дел од поетите кои учествуваа на конкурсот по избор на жирито ќе бидат застапени во заеднички алманах, кој ќе се промовира на манифестацијата.
Наградите на фестивалот - Гран при, прва, втора и трета награда, како и награда за најдобар странски автор и најуспешна млада искра ќе бидат доделени утре напладне на свечена манифестација.
Поетскиот фестивал „Литературни искри“ го организира Центарот за култура АСНОМ од Гостивар во чест на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители. Настанот е поддржан од Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка