Меѓународен научен собир за архелогија на мочуришта од 11 до 17 мај во Скопје и Охрид
Околу 20 архелози, односно 40 делегати од Швајцарија, Русија, Украина, Франција, Германија, Холандија, Грција, Литванија, Словенија и Македонија ќе учествуваат на Меѓународен научен собир за архелогија на мочуришта или водоземна археологија. Собирот од утре до 17 мај ќе се одржува во Скопје и во Охрид, во организација на Центарот за истражување на предисторијата.
- Ова е прв настан и единствен од ваков тип во Македонија. Главна цел на научниот собир е да презентира методи на истражување во архелогија на мочуришта или водоземна археологија, изјави Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата.
Една од целите, како што рече, е да се презентира она што ние го имаме како културно наследство и да видиме што имаат другите во т.н. водоземна архелогија која има многу нови придобивки, кои не ни се познати.
Наумов информира дека собирот ќе се одвива во неколку институции, во Музејот на Македонија, Музејот на Град Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија, во Завод и музеј-Битола и во Охрид, каде ќе има многу предавања и презентации. Научниот собир е во рамки на проектот NEENAWA (Network in Eastern European Neolithic and Wetland Archelogy), поддржан од Швајцарскиот национален фонд за наука.
Тој истакна дека пет-шест месеци го организирале собирот и додаде оти имало голем интерес за него.
Следни активности на Центарот за истражување на предисторијата се обуки за ГИС мерења, ГИС анализа и 3Д реконструкција, во јули ќе има истражување во Пелагонија на една тумба, ќе има обука во Пелагонија и Охридско за афирмирање нови методи за пронаоѓање и регистрирање на локалитетите. За крајот на годината е предвидена една конференција за неолитот од Македонија.
Ново на Сител
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор
-
Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство