Меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинија Први“ во Скопје
Најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа, денеска и утре ќе бидат претставени на петтиот меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинија Први“ во Скопје.
Организатори се Универзитетот „Евро-Балкан“ и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Институтот за национална историја од Скопје, со финансиска поддршка на Министерството за култура и Град Скопје.
Претседателот на меѓународниот организациски и научен комитет Митко Панов истакна дека целта на симпозиумот е да ги интегрира културите и различностите во обединета Европа.
- Оваа година во фокусот е концептот на словенството, Византија и Словените, средновековните и модерни рецепции, кои треба да ги расветлат одредени истражувачки прашања и дилеми или да постават нови, рече Панов.
Претседателот на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева информира дека досега, а и понатаму ќе ја поддржуваат оваа манифестација.
На меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинија Први“ ќе бидат презентирани 50-тина реферати, а учесниците се од Македонија и од 15 држави.
Ново на Сител
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром
-
43-годишник не прифатил знак за запирање и со возило се обидел да удри во полицаец
-
Сообраќајот на автопатот Скопје - Велес пред Катланово пренасочен преку езерото Младост
-
Владата на Србија предложи нападот врз здравствените работници да биде посебно кривично дело
-
Крени-прoмени го напушта Собранието на град Белград и општина Нов Белград