Меѓународен фолклорен фестивал во Кочани

На летната сецана пред Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа се одржа меѓународниот фолклорен фестивал „Пееме и играме во чест на оризот“ на кој настапија шест странски и четири домашни фолклорни ансамбли и групи. Фестивалот е дел од меѓународната стопанско културна манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.
Со дваесетминутна програма пред кочанчани и бројните гости се претставија Фолклорните групи на македонците од Крањ и Љубљана, Словенија, Фолклорниот ансамбл од Павел Бања Бугарија, Фолклорниот ансамбл од Дидим Турција, Фолклорната група од градот Андреевиќ Црна Гора, како и Фолклорните ансамбли од Пирот Сребија и од Зубин Поток од Косово.
- На годинешниот меѓународен фолклорен фестивал учествуваат фолклористи од повеќе земји на Балканот кои ќе ни приредат богатство од музика, песни и игри, карактеристични за фолклорното поднебје од земјата од која доаѓаат. Вечерва пееме и играме во чест на оризот, белото кочанско злато кое за овдешните жители претставува повеќевековна историја и животна егзистенција, истакна во своето обраќање на фетсивалот Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани.
Меѓународниот фолклорен фестивал го следеа и гости од збратимените општини со Кочани, Крижевци од Хрватска, Крањ од Словенија и Дидим од Турција.
Денеска на последниот ден од Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ ќе биде демонстрирана рачна жетва со срп на оризово поле во село Прибачево, изнесување на полози и вршидба на оризова арпа на гумно со ѕевгар. На собирот во Прибачево ќе биде прогласен и најдобриот земјоделски производител од Кочанско за годинава на кого општината ќе му додели парична награда за набавка на механизација.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
