Меѓународен Фестивал „Денови на комедија“ во Куманово

Меѓународен Фестивал „Денови на комедија“ почнува утревечер во Куманово, истакнаа денеска на прес-конференција надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев“.
На фестивалот ќе учествуваат 14 комедии од театрите од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Ерменија. Советот на фестивалот во состав, Благоја Чоревски, Жика Крстевски, Влајко Стојчевски, Ќазим Ибраими и Сашо Тодоровски ги одбрал претставите, за кои кумановци покажале значителен интерес, бидејќи 99 проценти од билетите се распродадени.
- Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и од општина Куманово. Очекуваме поголема поддршка за идната година, бидејќи фестивалот е реномиран и Куманово е препознатлив по него, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.
Фестивалот ќе го отвори претставата „Како да се ограби банка“ во изведба на Драмски театар од Скопје. Пред публиката ќе бидат прикажани комедиите „Вдовицата се мажи“ од Велешкиот театар, „Умри машки“ од Штипскиот театар, а Театар Комедија – Скопје ќе ја изведе претставата „Жена ми се вика Борис“.
На 7 октомври ќе биде изведена претставата „Се зборува по градот“ од продукција ГМР од Белград, Државен Младински Театар Ереван – Ерменија ќе ја изведе комедијата „Вкусот на медот“ на еременски јазик, а ќе има и превод.
Претставата „Кец на десетка“ ќе ја изведе Македонски Народен Театар, а следуваат „Терапевти“ од Софија, „Свиња“ Продукција Мој Траг, Белград, „Забрането смеење“ од Струмичкиот театар, „Наопаку“ од Албански Театар - Скопје, „Веќе не те познавам“ во изведба на Ромски театар „Птици“ - Куманово и „Урнебесна трагедија“ од Црногорско Народно Позориште од Подгорица.
Годинава, традиционално фестивалот ќе го затвори Кумановскиот театар со претставата „Мани, мани, мани“. Продуцентот Симона Тоскиќ, информираше дека преставата е во режија на Бојана Краљевска и Горан Илиќ, а играат седум актери од Кумановскиот театар.
Ново на Сител
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
-

Андоновски: Се заокружува проектот за Центар за побезбеден интернет во Македонија
-

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој
-

Албанскиот премиер Рама реагираше по протестот и насилствата на опозиција, во кој се повредени 19 полицајци, а приведено е 21 лице
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
-

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава
