Меѓународен ден на спомениците и локалитетите
Националниот комитет на ИКОМОС денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, годинава на тема „Наследството за генерациите“.
- Споделување и пренесување на искуството помеѓу генерациите е извонредно значаен чекор во културниот развој, кој од памтивека го карактеризира човештвото, соопшти Националниот комитет на ИКОМОС (Меѓународен совет за споменици и локалитети).
На 18 април 1982 година е одржан научен симпозиум организиран од Националниот комитет на ИКОМОС на Тунис и седница на Бирото на ИКОМОС во Хамамет, Тунис, и тогаш е сугерирано на тој датум - 18 април во иднина да се прославува диверзитетот на наследството низ целиот свет.
Делегатите на Генералната конференција на УНЕСКО на својата пленарна седница ја усвоија таа идеја на ИКОМОС и ја преточија во Резолуција на 22-рата сесија во ноември 1983 година со препорака секоја земја членка на УНЕСКО да го одбележува 18 април како Меѓународен ден на спомениците и локалитетите.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива