Меџити: Подобро следење на пациентите со дијабетес од страна на нивните матични лекари преку новите протоколи
За истакнување е важноста на навремена дијагноза и соодветен третман на дијабетесот како болест, што опфаќа широка група на граѓани во нашата држава, рече министерот за здравство Фатмир Меџити, на Светскиот ден на борбата против дијабетесот.
- Имавме година во која се соочивме со повеќе предизвици, но сепак морам да истакнам дека министерството за здравство и националната комисија за дијабет, во соработка и со здруженијата макотрпно работеа на успешно решавање на истите. Заедно допринесовме за подобрување како на општото здравје, така и на квалитетот на живот на пациентите со дијабет, додаде министерот.
Тој нагласи дека пациентите со дијабетес имаат достапност на најсовремена инсулинска терапија.
- Посебно драго ми е што конечно набавивме 650 сензори за безболно мерење гликемија наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1 и слепи лица со чија помош се овозможува континуирано мониторирање на гликемија. Со ова значајно го зголемуваме квалитетот на животот на децата, рече Меџити.
Тој додаде дека исто така, со воведувањето на новите протоколи во примарна здравствена заштита, се допринесува за подобро следење и мониторирање на пациентите со дијабетес од страна на нивните матични лекари, односно рана детекција на компликациите кои следат од болеста.
- Воедно со зголемување на дијагностичките и терапевстките можности на матичните лекари овозможивме пациентите со дијабетес да можат да ја добиваат статинската терапија токму кај нив, а знаејќи ја важноста на добрата регулација на масти во крвта кај оваа група на пациенти, значително го намалуваме непотребниот морбидитет и трошоци на пациентите. Со ова го подобривме квалитетот и континуитетот на грижата на сите пациенти со дијабетес, изјави министерот.
Тој рече дека во РСМ постојат регистрирани 140 000 случаи на дијабетес, воведена е и скрининг програма за лица кои немаат фактори на ризик, со што ќе се овозможи рана детекција на ризик факторите и со тоа да се превенира или одложи манифестацијата на болеста.
- Како министер за здравство и во следниот период ќе се трудам пациентите со дијабетес да имаат пристап до најсовремените начини за третман. Обврска наша како здравствен систем, мене како министер, на моите колеги лекари, ни е, да овозможиме поквалитетен живот на луѓето кои имаат дијабетес и да ги спречиме компликациите од истата, подвлече министерот.
Тој се обрати на форумот во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за борба против дијабетесот, насловен „Соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија - дејствуваме пред да стане непоправливо", во организација на СЗДСМ. На форумот, како што е најавено, се презентираат експертски ставови, пред се за имплементација на Националната програма за дијабетес и ќе се донесат соодветни заклучоци и препораки за заедничко делување во текот на наредната година.
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки