Меџити ја разрешил Стевановиќ затоа што „ѝ истекол сертификатот за англиски“, кој трае доживотно
Д-р Милена Стевановиќ поранешна директорка на Клиниката за инфективни болести не е избрана за нова директорка бидејќи според Меџити и истекол сертификатот на англиски јазик кој е доживотен, пренесува Слободен Печат.
Повикувајќи се на свои информации, весникот пренесува дека сертификатот за англиски јазик на доктор Стевановиќ не би можел да биде со поминат рок затоа што станува збор за сертификат издаден од Кембриџ кој трае доживотно и не му поминува важноста.
Доктор Стевановиќ дополнително магистерските студии ги има подготвувано во „Ројал Стејт Хоспитал Лондон“ каде се зборува само англиски јазик. Таа во својата медицинска кариера била и стипендист во Англија. Магистерската, пак, Стевановиќ ја има подготвувано во „Челзи Вестминистер Хоспитал Лондон“, а една година била и на специјализација во Англија.
Смената на директорката со кадар од партијата на министерот Меџити, непосредно по формирањето на техничката влада, отвора сомнежи дека станува збор за политички мотивирана смена.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси