Меџити го повика Јовев да му биде национален советник за кардиохирургија
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија.
- Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен да побарам да се зголеми тој буџет, со цел Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат подобро и да ги зголемиме позитивните резултати и да им излеземе во пресрет на пациентите, додаде министерот.
Тој нагласи дека Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката и ќе ја има неговата поддршка во понатамошното работење.
На денешниот брифинг со новинарите, стручни лица разјаснуваа дилеми околу разрешувањето на Јовев, што предизвика реакции во јавноста.
Меџити беше прашан што ќе биде со економскиот директор.
- За организациониот директор, ние пративме инспекција, тоа ги вклучува и двата директора, тие имаат одговорности и заеднички и посебни. За првиот одлучивме, деновиве ќе излеземе и со одговор за вториот, организацискиот директор, појасни министерот.
На новинарско прашање за неговата заменичка, која не се согласувала со одлуката на министерот за смена на Јовев, Меџити одговори дека нема да коментира изјави на други лица.
На брифингот беше посочено и дека Јовев не е единствениот разрешен директор, откога Меџити е на функција министер.
- Имаше промени во многу други здравствени установи, на медицински директори, организациски, некои си поднесоа самите оставка, а други беа разрешени, додаде Меџити, истакнувајќи дека и во иднина секаде ќе има инспекции и ќе се постапува според закон.
Меџити во понеделникот го разреши Јовев од должноста директорот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, поради како што изјави вчера „утврдени нерегуларности во работењето“, нагласувајќи дека нема политика во неговото разрешување.
Јовев од своја страна вчера побара преиспитување на одлуката за негово разрешување, истакнувајќи дека државната Клиника за кардиохирургија не се утврдени нерегуларности.
- Да ги оставиме професионалците да си ја вршат својата работа. Успесите на оваа Клиника се успеси на државата и на Министерството за здравство, порача Јовев.
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите