-->
-->
Медведев во октомври во Белград на прослава на победата над фашизмот
-->
Министерот за надворешни работи и потпретседател на Владата во оставка на Косово, Беџет Пацоли, изјави дека Русија и Србија посакуваат поделба на Косово.Поделбата на Косово постои само во соништата на Кремљ и Белград. Но, тоа нема да се случи никогаш. Територијалниот интегритет на Косово е недопирлив. Ќе го признаете тоа порано или подоцна“, напиша Пацоли на Твитер.
Оваа реакција следува по изјавата на рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Харченко, кој во интервју за белградска „Политика“ вели дека Русија не се залага за поделба на Косово, но воедно додава дека не разбира „зошто поделбата на Косово би претставувала преседан во Европа“.
Во меѓувреме, беше најавено дека рускиот премиер Димитриј Медведев следниот месец ќе ја посети Србија по повод одбележувањето на 75-годишницата од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.
Како што информираа од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој во телефонски разговор му се заблагодарил на Медведев за се што Русија направила за националните интереси на Србија во однос на Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
