Медведев: Не запад или исток, туку прагматична соработка
Русија ја поддржува Србија и е подготвена да и ја обезбеди потребната помош за зачувување на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, изјави попладнево рускиот премиер Дмитриј Медведев, обраќајќи се пред членовите на српскиот Парламент.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Медведев истакна дека Русија се залага исклучиво за мирно решавање на постоечките проблеми, врз основа на Резолуцијата 1244 на ООН.
Тој изрази надеж дека Европска Унија нема да и забележи на Србија за потпишувањето на трговски договор со земјите од Евроазиската економска унија (ЕАЕУ). Тој истакна дека ставот на ЕУ „или исток или запад” не води во вистинската насока.
- Ние сакаме стабилен Балкан и соработка со сите земји на Балканот, наведе Медведев.
Тој ја потенцира важноста за зачувување на националните интереси.
– Не треба да се оди на запад или на исток, туку да се размислува прагматично и да се развива прагматична соработка. Ние сме против конфликтен пристап, истакна Медведев.
Тој се заблагодари на Србија за принципиелниот став да не се приклучи на санкциите кон Русија.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица