Медведев: Американците повикуваа на борба против ИД, а го прават спротивното
Премиерот на Русија Дмитриј Медведев денеска одговараше на пратеничките прашања во Парламентот и во таа прилика ја обвини новата претседателска администрација на САД дека пред изборите повикувала на борба против Исламската држава во Сирија, а сега не се бори против терористите, туку против Владата во Дамаск.
- За време на предизборната кампања, нашите американски партнери повикуваа на борба против ИД, зборувајќи дека не е важно каков е политичкиот режим во Сирија бидејќи војната против тероризмот е главна цел. А сега што гледаме? Првиот чекор што го презеде новата администрација на САД во врска со Сирија заврши со напад врз владините трупи, нагласи Медведев, по претставувањето на годишниот извештај на руската Влада.
ТАСС наведе дека рускиот премиер исто така, ситуацијата поврзана со хемискиот инцидент во сириската провинција Идлиб на 4 април ја нарекол „добро испровоцирана провокација“ од која имаа корист САД.
Тој истакна дека треба експертска комисија да го истражи инцидентот и да утврди „дали навистина постоел склад со хемиско оружје или се тоа е испланирано и оркестрирано“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот