Медот е корисен и здрав за секој дел од човековото тело
Во антиката, медот се сметал за храна на боговите. Поради своите лековити својства, се користел за спречување разни болести, а пак, Египќаните го користеле и во козметиката.
Поради своите антибактериски својства, како и фактот дека е полн со антиоксиданси – медот е идеален за зајакнување на имунитетот. Покрај тоа, антиоксидансите во медот се поврзани и со намалена опасност од срцеви заболувања. Ново истражување покажа дека редовната употреба на мед го ограничува зголемувањето на шеќер во крвта и го намалува нивото на холестерол и триглицериди. А, холестеролот во телото може да влијае на мозокот и нервниот систем, поради што е важно редовно да се консумира мед, препорачуваат стручњаците.
Медот може да се комбинира со топло млеко или чај од камилица, што ќе предизвика ослободување на серотонин, што потоа се претвора и во мелатонин (хормонот за квалитетен сон) и овозможува поубаво спиење. Тоа ќе помогне против стресот и го подобрува помнењето.
Поради антиоксидансите, медот е идеален и за чистење на кожата и телото од токсини, како и за проблеми со телесната тежина – само заменете ги слатките со мед. Така, покрај намалувањето на желбата за слатко, се внесуваат и хранливи јаглени хидрати – што е корисно, на пр., при тренинг и вежбање.
Ново на Сител
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент