Медиуми во Австралија: Крвавиот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам

Локалните медиуми ги објавија имињата на двајцата напаѓачи врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, во Австралија, наведувајќи дека нападот го извршиле Саџид и Навид Акрам, татко и син, објави Би-Би-Си.
Таткото (50) е убиен на лице место, додека синот (24) е во болница, во критична состојба, откако вчера попладне по локално време извршија вооружен напад на плажата Бонди и убија 16 лица кои го славеле еврејскиот празник Ханука, вклучувајќи и 10-годишно девојче, а повеќе од 40 повредени лица биле префрлени во болница.
Австралиската Еј-Би-Си објави дека Навид Акрам, роден во Австралија, претходно бил испрашуван за неговите блиски врски со терористичката ќелија на Исламска држава (ИД) со седиште во Сиднеј, и дека полицијата за борба против тероризмот верува дека напаѓачите се заколнале на верност кон оваа терористичка група.
Полицијата верува дека нападот го планирале во објект за краткотрајно изнајмување, на околу 30 минути возење од плажата Бонди.
Саџид Акрам пристигнал во Австралија со студентска виза во 1998 година, која во 2001 година била претворена во виза за партнерство, а подоцна во виза за враќање на жител. Тој имал дозвола за огнено оружје за рекреативен лов и бил член на стрелачки клуб.
Неговиот син, Навид Акрам, првпат го привлекол вниманието на властите во октомври 2019 година, но австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека „во тоа време била направена проценка дека нема индикации за каква било актуелна закана или закана дека ќе се вклучи во насилство“.
Полицијата првично ја истражувала можноста дека имало трет напаѓач, но подоцна објавила дека биле само двајцата.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
