Медиуми: Трамп се подготвува за повлекување на САД од СЗО
Членови на тимот за претседателска транзиција на Доналд Трамп подготвуваат терен за повлекување на Соединетите Американски Држави од Светската здравствена организација (СЗО) на првиот ден од неговиот втор мандат, изјави експерт за здравствено право.
„Имам сигурни информации дека планира повлекување, најверојатно на првиот ден или многу рано во мандатот“, изјави за Ројтерс Лоренс Гостин, професор по глобално здравје на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон и директор на Центарот за национално и глобално здравствено право кој соработува со СЗО, пренесуваат американските медиуми.
Овој план, кој е во согласност со критиките на Трамп кон здравствената агенција на Обединетите нации, би претставувал драматичен пресврт во американската здравствена политика на глобално ниво и дополнително би го изолирал Вашингтон од меѓународните напори за справување со пандемии.
Трамп номинираше критичари на СЗО за неколку клучни позиции во јавното здравство, вклучувајќи го и Роберт Ф.
Кенеди Помладиот, противник на вакцинацијата, кој е предложен за секретар за здравство и социјална заштита. Оваа функција вклучува надзор врз сите главни здравствени агенции во САД.
Во 2020 година, Трамп го започна процесот на повлекување на САД од СЗО, но шест месеци подоцна, неговиот наследник Џо Бајден ја преиначи одлуката.
Ново на Сител
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Авион со 67 патници се урна во Казахстан | ВИДЕО
-
Два пожари во Кумановско - штетата допрва ќе се утврдува
-
Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина; тројца ранети во Харков
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов