Медицински сестри покажуваат среден прст на новороденчиња и ги нарекуваат “мали демони“
Две медицински сестри од воената болница во Џексонвил биле тргнати од должност откако во јавноста се појавиле фотографии кои сведочат за нивните нехумани постапки со бебиња.
Фотографиите првобитно биле поставени на “Snapchat”, но подоцна се појавиле и на “Facebook”, бидејќи загрижените луѓе сакале да ја запознаат пошироката јавност со овие неприфатливи постапки.
На една фотографија се гледа медицинска сестра која покажува среден прст, а во описот под фотографијата стои:
“Вака се чувствувам моментално благодарение на овие мали демони”.
На другата фотографија, гледаме медицинска сестра која го држи бебето под рацете, а луѓето кои ја поставиле фотографијата на Фејсбук тврдат дека тоа е само кадар од видео на кое малото девојче се форсира да “танцува“ на рап музика.
Тие две фотографии се споделени повеќе илјади пати, а предизвикале огромен бес кај корисниците на социјалните мрежи, бројни коментари за осуда, по што веднаш уследила реакција од управникот на болницата:
“Запознаени сме со фактот дека фото и видео содржините се тотално неприфатливи: Тоа е многу непрофесионално и не смее да се толерира. Откривме за кои лица станува збор, отпуштени се, и повеќе нема да бидат во контант со пациентите”.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци