Мечето Теди ќе замине од штипскиот ЗОО парк

Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк ќе замине во паркот на танцувачките мечки во бугарската општина Белица или во ЗОО парк во Швајцарија. Граѓанската активистка и портпарол на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска вели дека конечната одлука за новото живеалиште на Теди ќе се донесе кон крајот на месецов. Таа појасни дека во Штип ќе дојдат претставници од фондацијата „Брижит Бардо“ и организацијата „Четири шепи“ заедно со ветеринари за диви животни кои ќе го прегледаат Теди.
– Средувањето на документацијата е во тек. Кон крајот на месецов со претставниците на фондациите ќе дојдат и претставници на ресорните министерства и АХВ за да се забрза постапката. Секако таа ќе мора да се води и на повисоко ниво и во неа да бидат вклучени и Министерството за надворешни работи во земјата каде што ќе патува Теди, вели Мицковска.
Смета дека каде и да оди мечето Теди тоа ќе се ресоцијализира и ќе избега од затворот од 15 квадратни метри каде живее последниве години.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски посочи дека ова е добро решение за мечето, а во претходна изјава за медиумите тој забележа дека кога пред неколку години е донесено во штипскиот ЗОО парк за него немало ниту дозвола за згрижување.
-ЗОО Скопје во координација со овие организација ќе продолжи со постапката. Претставници од овие организации веќе беа во Штип и го дадоа овој предлог. Мечето Теди заслужува да живее во хумани услови како што доликува, животно кое бара посебни услови, рече Бочварски
Ново на Сител
-

Тошковски: Борбата против дрогата не завршува со заплена, мора да се следат и финансиските текови
-

Дизелот поевтинува за 4,5 денари, а цената на бензините се зголемува за денар по литар
-

Приведени повеќе лица осомничени за дела од областа на тероризмот - Акција на повеќе локации во Скопје
-

„Безбеден град“ овозможува електронско плаќање на сообраќајни прекршоци за возила со странски регистарски ознаки
-

Физичка пресметка помеѓу двајца браќа и нивната мајка во Шуто Оризари
-

36-годишен маж од Скопје ја пријавил поранешната партнерка дека физички го нападнала
-

Во стан во Кисела Вода пронајдена почината 46-годишна жена
-

Десетти смртен случај од западнонилска треска, почина 70-годишен пациент
