-->
-->
„Ме продадоа играчите и собирачите на топки“
-->
Првиот стратег на Челзи, Жозе Мурињо со своите коментари по поразот од Лестер во Премиер лигата повторно предизвика големи полемики?!
„Еден од моите најголеми квалитети е да ја читам играта на моите играчи, а сега се чувствувам како да го издадоа мојот труд. Четири дена се подготвував за Лестер, гледав четири нивни акции, а од тоа две водеа до погодоци“- изјави Португалецот по поразот од 2-1.
„Една можност е дека минатата година сум направил неверојатна работа и ги доведов играчите до ниво кое можеби не е нивно ниво, па сега тоа не можат да го издржат“ размислува Жозе ккој се осврна и на собирачите на топки кои според него се „срамота за Премиер лигата “ бидејќи задржуваа време.
Челзи е сега 16. На табелата со 9 порази ( колку за двете претходни сезони вкупно) и има само бод повеќе од зоната на испаѓање.
„Го прифаќам пласманот но не прифаќам дека се бориме за опстанок. Знам само еден начин да се извлечеме а тоа е работа на највисоко ниво. Фрустрација е да се види како играчите работат на тренинг, а потоа како се губат на терен“, вели Мурињо.
Реално според него е пласманот во Топ 6 но не и помеѓу првите четири екипи на табелата и дека сака да остане менаџер во клубот. Не се плашам од предизвикот и се надевам дека ќе добијам поддршка од Абрамовиќ и управата“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел
-
Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта