МЕ: Почнува издавањето Гаранции за потекло на енергија од обновливи извори
На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на електрична енергија со која се отвора патот кон издавање Гаранции на потекло (Guarantees of origin – GOs) од страна на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, известуваат од Министерството за енергетика.
- Гаранција за потекло е електронски документ чија цел е обезбедување на доказ за потрошувачите дека определен удел или количина од енергијата е произведена од обновливи извори на енергија. Овие гаранции за потекло се користат во Европска Унија со цел следење и потврдување на потеклото на електричната енергија со што се промовира еколошка одговорно, транспарентност и доверба на потрошувачите на енергетскиот пазар, објаснуваат од ресорното министерство.
Оттаму потенцираат дека гаранциите за потекло се од огромна важност особено за домашните компании кои извезуваат на европскиот пазар кои ќе можат да докажат дека во оперативниот процес користат чиста енергијата, таканаречена, енергија од обновливи извори, а со тоа го намалуваат јаглеродниот отпечаток.
Од Министерството информираат дека Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ќе го воспостави и води регистарот на Гаранции на потекло односно нивно издавање, евидентирање на пренос, признавање, укинување или поништување.
Во изминатиот период МЕМО, со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, стана член – набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of issuing bodies – AIB) која е водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност преку стандардизација на Гаранциите за потекло.
- Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини дава силна поддршка и влог во донесување и имплементирање на сите позитивни практики во доменот на енергетиката и врши усогласување со европските регулативи како дел од законодавниот пакет – Чиста енергија за сите Европејци, велат од Министерството за енергетика.
Ново на Сител
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина
-
Гасификација, електрични автобуси, делење на возило се опциите за справување со загадениот воздух во Скопје
-
ССК задоволни од условите за кредитите од унгарскиот заем
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот