Македонија
1. October 2023 - 17:52

МД „Илинден“ - Тирана бара Бугаринот Виктор Стојанов да се прогласи за персона нон грата во Албанија

Властите во Албанија да го прогласат за непожелен бугарскиот државјанин Виктор Стојанов поради вршење тортура и притисок врз Македонците во овој крај. Македонското друштво Илинден – Тирана побара од Албанија да ги заштити Македонците кои трпат агресија од како што велат бугарските емисари. Реагираат дека се врши притисок врз Македонците да се изјаснат како Бугари на пописот. 

– Поради екстремна агресивност, ширење на говор на омраза и заканувачки пораки кон македонското население, Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара Виктор Стојанов да се прогласи за персона нон грата и да му биде забранет влез во Република Албанија. Имено, тој како претседател на бугарска фондација користи агресивна анти-македонска пропаганда и насилно се обидува да направи асимилација на македонско национално малцинство во Република Албанија.

Тврдат дека овие бугарски државјани се користеле со разни средства за да ја постигнат целта, па дури манипулирале со деца подарувајќи им телефони и таблети а потоа ги уценувале нивните родители да се изјаснат како Бугари.

Инаку претходно излезе видео снимено од самиот Виктор Стојанов кој е претседател на бугарска фондација како додека престојува во областа Голо Брдо дели таблети и тетратки со ликови на како тој вели, големите бугарски владетели.

И додека од макеоднското здружение предупредуваат на агресивната кампања на официјална Софија и преку потпретседателката и амасадата, но и преку невладините кои се под директна контрола, градоначалникот на Општина Пустец, единствената макеоднска општина, за Сител рече дека ситуацијата е под контролас и е убеден дека Македонците слободно ќе ја изразат својата етничка припадност на пописот кој вчера заврши.