МД „Илинден“: Приведувањето на Темелко е антимакедонско
Македонско друштво најостро го осудуваат притворот од триесет дена за Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса за европска интеграција во Република Албанија.
Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на градоначалникот на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса зе еврпска интеграција во Република Албанија, Едмонд Темелко, и бараат итно да биде ослободен од гонење и извинување за повреда на честа и неговиот углед и на Македонците во Република Албанија, стои во соопштението на Македонското друштво „Илинден“ -Тирана и Македонско друштво „Илинден“ – oгранок Голо Брдо.
Тие сметаат дека приведувањето на Темелко е антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Претходно, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го прифати барањето на СЈО и му определи на Темелко мерка 30-дневен притвор. Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
Ново на Сител
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
-

Годишен извештај на Ало Бушавко за 2025-та година: 19 деца сакале да се самоубијат или имале самоубиствени мисли
-

Преглед на вестите од светот

