МД „Илинден“: Образованието на мајчин јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ
Македонското друштво „Илинден”, со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари, упати честитка до македонското национално малцинство во Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.
– Честитајќи Ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонско потекло во Албанија значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите културни и верски традиции, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо, Или Халилај.
МД „Илинден“ додава дека заложба на друштвото е Македонците, каде и да живеат во Република Албанија, да им се овозможи правото на образование на мајчин македонски јазик.
Во честитката, на која стои и македонската азбука, се потсетува дека Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се одбележува од 1999 година, со цел промовирање на јазичната култура и разновидност, како и повеќејазичноста.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга