-->
-->
Мбапе се пошегува по повредата на носот
-->
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе се огласи по повредата добиена синоќа на натпреварот против Австрија на Евро 2024 (1:0).
– Идеи за маска? – напиша Мбапе на социјалната мрежа Икс.
Дваесет и петгодишниот Французин се судри со австрискиот дефанзивец Кевин Дансо во 86. минута од натпреварот, по што заврши на тревникот.
Првично се претпоставуваше дека ќе му треба операција, но по прегледот во болницата во Дизелдорф беше одлучено повредата да се санира без оперативен зафат.
Во вториот натпревар на ЕП 2024 Франција ќе игра против Холандија на 21 јуни, истиот ден Австрија ќе се сретне со Полска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојбата во затворот „Идризово“ алармантна, новиот министер денеска во посета
-
Невремето ќе трае до утре, граѓаните да внимаваат од молњи
-
33 издание на меѓународниот хорски фестивал „ТЕХO“
-
Преглед на вести од светот
-
Се уште не е готово супервештачењето - Одложено судењето за Веаповска
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува обвинителите сериозно да го разгледаат извешајот на ДЗР за инфраструктурни проекти
-
Земјоделците бараат договори за сигурен пласман на производите
-
Преглед на вестите од светот