Мбапе доби само еден натпревар суспензија за црвениот картон против Алавес

Килијан Мбапе е помилуван поради страшниот старт на дуелот на Реал Мадрид против Алавес во Ла Лига минатиот викенд. Дисциплинската комисија на шпанската фудбалска федерација го суспендираше Французинот на само еден натпревар, кој ќе го одлежи во Мадрид против Атлетик Билбао.
На овој начин, Мбапе доби минимална казна, што е прилично срамна одлука со оглед на тоа како се пресмета со Антони Бланко и заработи директен црвен картон. Јавноста очекуваше три натпревари, што би значело дека тој ќе го пропушти финалето во Копа дел Реј со Барселона на 26 април, но тоа не се случи.
Шпански AС пишува дека судијата Цезар Сото Градо одиграл клучна улога во неговиот извештај, кој директно помогнал казната да не биде превисока. Сепак, јасно е дека најголемата одговорност имаа дисциплинските службеници на Шпанската фудбалска федерација.
Мбапе беше исклучен затоа што влезе со нога во потколеницата на противникот, откако со прекумерна сила се борел за топката, напишал Сото Градо.
Судијата тоа го протолкувал како потег со намера Мбапе да тргне по топката, а не со агресија да го повреди противникот.
Очигледно улога одиграло извинувањето на Мбапе до Бланко и сите играчи на Алавес.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
