Мажите и социјалните фактори причина што жените од Косово се приклучуваат на Исламската држава
Жените од Косово кои се придружија на Исламската држава во Ирак и Сирија ги регрутирале претежно нивните мажи и членови на семејствата и тие тоа не го направиле од верски причини, наведуваат истражувачите.
„Од преку 4.000 странски борци од Западна Европа кои се приклучиле на насилните екстремистички организации во Сирија и Ирак, над 700 се жени, а преку 40 меѓу нив се од Косово” – се наведува во извештајот кој оваа недела го објави Косовскиот центар за безбедносни студии со седиште во Приштина.
Меѓутоа, за разлика од жените од другите европски земји регрутирани во насилнички екстремистички организации по пат на пропаганда на интернет, наведениот центар наведува дека жените од Косово, поради широко распространетите социјално економски услови како високата стапка на невработеност и ниската стапка на образование, веројатно се регрутирани од страна на членови на семејствата, посебно од мажите.
Понатаму во наведениот извештај се наведува дека во Косово „статистиките укажуваат дека постои дискриминација кон жените во речиси секоја сфера од јавниот живот”. „Во споредба со мажите, жените помалку се застапени на сите нивоа во институциите и во процесот на донесување на одлуките и невработеноста така е на повисоко ниво меѓу жените” – се наведува во извештајот и се додава: „Таа генерална дискриминација во општеството исто така се одразува во рамки на структурите на Косовската исламска заедница”.
Ново на Сител
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час