Мажи се обиделе да објаснат какво е чувството за време на оргазам - описите се предобри!

Обидот на жени да објасните како изгледа машкиот оргазам е речиси невозможен или рамен на она кога на некого му објаснувате некоја нова боја. Жените доживуваат сосема различен оргазам, па така споредувањето со нив е невозможно.
Овие мажи се обиделе на најдобар можен начин да објаснат какво е чувството во моментот споредено со некои други ситуации во кои се нашле и самите.
"Слично е како да те фати грч, но во најдобра смисла. Тоа е како пенисот да доживее спазам, но чувството е предобро. Стварно е тешко да се објасни", се обидел Том да го долови чувството.
Дека пенисот на кратко време му го превзема мозокот, осетил Шон кој додава дека остатокот од телото отупува и дека е единствено што чувствува е само тоа сензационално чувство.
"Доколку се потсетите на она чувство кога ви се мокри додека сте на пат долго време, а немате можност за тоа и морате да се воздржувате некој час до пауза... Кога конечно ќе пронајдете тоалет и се препуштите на олеснување, ете тоа е тоа чувство. Само помножете го со 1.000", изјавил Брајан.
За некои мажи чувството е слично на возење на ролеркостер кога ќе се качите највисоко, а тогаш нагло ќе тргнете да пропаѓате и уживате во тој пад додека се повторно не дојде во нормала.
Секој маж е приказна за себе, затоа ве уверуваме дека вашиот партнер има различно објаснување за својот оргазам иако во прашање е чувство кое во голем дел од случаите тешко се објаснува.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
