Маж со закана со нож одзел пари од вработена
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен за „Разбојништво“ кој со црна фантомка на лицето и со женски хулахопки на рацете ограбил продавница во село Негорци.
Како што информираат од Jавно обвинителство на Република Северна Македонија, на 29 декември 2021 година, осомничениот се маскирал со црна фантомка на лицето и со женски хулахопки на рацете и влегол во продавница на правното лице „Дием Груп“ во селото Негорци.
– Со употреба на сила, вперувајќи нож кон вработената која седела на пултот за наплата, тој без збор ја отворил касата и одзел 15.900 денари во различни апоени, стои во соопштението.
Поради опасност осомничениот да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците/оштетените, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
