Маж со пластична пушка предизвика паника во Рим
Маж со пластична пушка в рака синоќа предизвика паника во Рим и евакуација на главната железничка станица Термини, објавија италијанските медиуми.
- Полицијата на станицата Рим-Термини доби повик за присуство на вооружен маж. Зоната на железничката станица беше евакуирана, соопштија италијанските државни железници.
Медиумите подоцна објавија снимка од безбедносна камера на која е забележан маж со црно палто, сини панталони и бел качкет, кој носи предмет што наликува на пушка, која е свртена надолу. Тој бил пријавен од една патничка во метрото на три станици пред Термини, а потоа и на самата железничка станица. Мажот бил уапсен еден час подоцна со пластична пушка в рака, симнувајќи се од воз во Анани. Брзо потоа железничкиот сообраќај повторно е воспоставен.
Термини е најголемата железничка станица во Италија, во која секојдневно минуваат илјадници патници.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот