Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди

Четириесет и четири годишен маж од Градско се здобил со повреда на глава и исчашување на рамо откако со автомобил излетал надвор од коловозот на регионалниот пат од Градско кон Неготино, во близина на мостот на Црна Река.
Како што информираа денеска од СВР Велес вчера околу околу 07:45 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат од Градско кон Неготино, во близина на мостот на река Црна Река, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Б.(44) од Градско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Како што информира од ЈЗУ Општа болница портпаролот д-р Ванчо Граматов, пациентот бил донесен во ЈЗУ Општа болница Велес по што му била направена рендген снимка и констатирана е лесна повреда на глава како и исчашување на рамо.
– Повредите се санирани и пациентот е пуштен на домашно лекување, информира д-р Граматов.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
