Македонија
12. January 2024 - 16:36

Маж кој до смрт ја претепа ќерка си имал дебело криминално досие, сторил 50 кражби

Дебело криминално досие поседува полицијата за 30 годишникот кој до смрт ја претепа својата двегодишна ќерка. За кичевската полиција тој е добро познат крадец бидејќи провалил во дури 50тина објкети.

„Тој е приведуван и лишуван од слобода и против него од 2011 до 2023 година, ОВР Кичево има поднесено околу 50 кривични пријави за сторени криивчни дела по член 235 и 236 од Кривичниот законик“, изјави Стефан Димоски, Портпарол на СВР Охрид.

Полицијата никогаш не добила пријава дека тој е насилник во домот.. За дел од расветлените кражби, пак, минал и девет месеци во затвор..

„Во2013 година со судски пресуди Ф.Д во два случаи бил осуден на затворска казна во траење 6 месеци и една затворска казна во траење од три месеци и спроведуван е во КПУ Затвро – Битола“, вели Димоски, Портпарол на СВР Охрид.

На разговор во полиција била и мајката на претепаното девојче, но засега не се открива дали и таа ќе сноси одговорност. Според информации од обвинителството, таа кога дознала од што починала нејзината ќерка, сама го пријавила насилниот сопруг кој брутално ја претепал ќерката. Првично, кажала дека детето паднало од плакар, па полицијата не го информирала центарот за Социјални работи. По пријавата дека детето е тепано, алармирани биле и социјалните служби.

Освен полицијата, и жители на Кичево го потврдуваат криминалното однесување на 30 годишникот. На фејсбук споделуваат дека нивните домови биле мета на насилникот, дел и лице в лице се соочиле додека ги ограбувал. Сметаат дека смртта на девојчето е резултат на неказнивост.

„Излеговме на суд, замислете, обвинителството ми рече дека нема што да правиме бидејќи до сега има 30 кражби, на тоа јас одговорив за да биде осуден дали треба да има 300 кражби? Па на тоа не добив одговор, за потоа пак да ми влезе да краде и го фатив на лице место па мораше да го тепам, за жал не го утепав. Ете драги мои, човекот после 30-40 кражби не беше процесуиран па дојдовме до ситуација да убие две годишно девојче. За жал сега е касно“.

Убиецот на сопствената ќерка од синоќа е во притвор во Битолскиот затвор. Кичевскиот суд му одреди 30 дневен притвор заради претепување до смрт на двегодишното девојче.

Осомничен е дека на 18 минатиот месец во својот дом со раце и нозе удирал по својата ќерка. На детето му пукнал черепот, добило мозочно крварење, а од клоците имало и две скршени ребра..По три недели, девојчето починало на ургентниот клинички центар  во Скопје.