Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
Тежок инцидент се случи вчера во Урошевац, во кој се избодени четири лица, две девојчиња помлади од 18 години и две лица на возраст од околу 29 години. Тие биле нападнати од страна на едно лице со нож.
Под сè уште неразјаснети околности, 59-годишниот маж со нож избодел четворица случајни минувачи, две девојчиња помлади од 18 години и двајца мажи (на возраст од 29-32 години).
Една од жртвите на овој случај е 10-годишно девојче.
Тројца од лицата кои биле избодени се згрижени во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово.
Косовската полиција соопшти дека нападот бил извршен на три улици во Урошевац, а жртвите биле случајни минувачи, додека Единицата за брз одговор успеала кратко по инцидентот да го пронајде осомничениот Е.С. (59).
„На 11.11.2024 година околу 15.40 часот, известени сме дека возрасно лице на улиците: „Енвер Топали“, „Халим Спахија“ и „Ејуп Статовци“ во сè уште неразјаснети околности им нанел тешки телесни повреди (убоди со нож) на 4 случајни минувачи, две девојки на возраст под 18 години и двајца мажи (возрасни од 29 и 32 години). Повредените биле испратени во Ургентниот центар во Урошевац за укажување лекарска помош, а потоа на понатамошна лекарска помош две лица се испратени во Клиничкиот центар – Приштина, додека други две останале на лекување во Урошевац“, изјави портпаролот на полицијата, Канун Весели.
Весели рече дека истражителите и регионалните крим-техничари ги прегледуваат местата на инцидентот, а пронајден е и нож за кој постои сомневање дека е употребен во овие случаи.
„Повеќе полициски тимови, вклучително и Единицата за брз одговор, започнаа потрага по осомничениот. По интензивна потрага, околу 16 часот и 40 минути успеале да го приведат осомничениот Е.С. Инспекторите и регионалните форензичари вршат увид на местата на инцидентот, а пронајден е и остар предмет (нож) за кој постои сомневање дека е употребен во горенаведените случаи. За сите полициски дејствија е известен државниот обвинител. За други информации ќе бидете навреме известени“, рече Весели.
Министерот за здравство Арбен Витиа соопшти дека состојбата на 10-годишното девојче е стабилна и тоа е надвор од животна опасност.
Ново на Сител
-
Шкендија нов лидер вп ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
-
Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“
-
Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната