Маж гестикулирал и извикувал нацистички поздрави и го навредувал директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
Во спроведената претходна постапка, како што наведуваат од Обвинителството, обезбедени се докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија.
-На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен. Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик. Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил. Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот, стои во соопштението од Јавното обвинителство.
МИА
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
