Матурантите денеска полагаа математика
Во сите средни училишта во Македонија денеска беше спроведен екстерниот испит по математика како дел од државната матура за учениците од гимназиското, уметничкото и средното стручно образование со четиригодишно траење. За испитот беа пријавени 2.335 кандидати.
- Испитот во целата држава течеше согласно сите пропишани правила и процедури без никакви проблеми. При спроведувањето на тестирањето беа вклучени членовите на училишните матурски комисии, како и околу 270 обучени тестатори-наставници од основните и средните училишта. Испитот го следеа над 50 овластени набљудувачи, вработени во Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука, се вели во соопштението од Државниот испитен центар.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје