Свет
19. May 2017 - 9:12

Матис: САД не се обидуваат да интенвенираат во војната во Сирија, но ќе ги заштитуваат своите војници

САД не се обидуваат да ја зајакнуваат воената улога во сирискиот конфликт, но ќе ги заштитуваат своите војници, доколку тие се загрозени, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис, откако американски авиони нанесоа воздушни удари врз владината милиција во Сирија. 

- Ние нема да ја засилиме улогата во сириската граѓанска војна, но ќе ќе ги заштитиме нашите војници, доколку „врз нас бидат преземени агресивни дејствија“, нагласи Матис пред почетокот на средбата со шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист во Пентагон. 

САД синоќа извршија водушни напади во сирискиот град Ат Танф, близу границата со Јордан, што е под контрола на провладините сили, кои се сметаат за закана по безбедноста на американските војници и бунтовниците кои се поддржани од меѓународната антитерориститичка коалиција што е предводена од САД. 

Во Ат Танф е поставен камп што американските и британските специјални сили го користат за обучување на сириските бунтовните, кои војуваат против припадниците на Исламската држава. 

Американски анонимен претставник наведе дека нападнатата колона била составена од шиитска милиција.