Матичните нема да плаќаат 1.000 евра за акредитација, во петок состанок за другите нивни барања

На денешниот работен состанок одржан во министерството за здравство, помеѓу директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи Мерал Исмаили, претставникот Лирим Исахи и заменик министерот за здравство доц. д-р Владимир Рендевски, на кој учествуваше и директорката на Државниот санитарен и државен инспекторат д-р Ирина Бухова, е постигнат договор за намалување на цената за акредитација на приватните здравствени установи, соопштија од министерството за здравство.
-Ова решение беше резултат на согледувањето на актуелната економска криза во екот на Ковид пандемијата, како и се поголемите сметки за електрична енергија што во последните месеци ги плаќаат здравствените установи. На состанокот исто така беше констатирана важноста на процесот за имплементирање на акредитацијата на установите во здравството, со крајна цел подигнување на нивото на здравствените стандарди и пружање на поквалитетни здравствени услуги, велат од МЗ.
Од Министерството за здравство исто така соопштуваат дека првиот работен состанок со приватните лекари, стоматолози и гинеколози е закажан за петок 25.02. во 14:30 часот. Работните групи ќе ги води Заменик министерот Владимир Рендевски, претставниците од 3-те сегменти на приватните здравствени установи, претставник од Фондот за здравствено осигурување и претставник од Лекарската комора на Република Северна Македонија.
Дополнително во работниот процес ќе бидат вклучувани и други експертски тимови, информираат од мз.
Ново на Сител
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
