Македонија
29. December 2018 - 18:20

Матичните лекари со обврска да ги пријавуваат невакцинираните деца

Матичните лекари при преглед задолжително мора да го проверуваат и вакциналниот статус на децата до 14 години. Сите пропуштени и невакцинирани имаат обврска да ги упатат во диспанзерите за имунизација. Оваа обврска за докторите е дел од мерките што ги предвидуваат  здравствентие власти за да спречат ширење на заразата со мали сипаници. Освен во Скопје каде епидемиолошките служби најдоа 15 000 невакцинирани деца од 100 000 проверени картони, истото треба да го направат и во цела држава. Надлежните против антивакциналните кампањи ќе се борат и со екукации на родителите колку биле безбедни вакцините.

-Ќе пратиме здравствени работници и во градинките и во училиштата кои еднаш месечно ќе одговараат на сите прашања и дилеми на родителите  околу квалитетот на вакцините, нивната набавка и да бидеме транспаретни во тој дел се со цел да ги убедиме во тоа колку е неопходна вакцинацијата, изјави Александра Гроздановска, претседател на Комитет за имунизација.

Дека родителите не сакаат да ги носат децата на вакцинација покажуваат и бројките за вакцинирани во Радишани каде е прогласена епидемија од морбили откако 6 деца од градинката Ташко караџа беа заразени со мали сипаници. Според податоците објавени од инситутот за јавно здравје до 25 овој месец во пунктот во Бутел вакцинирани биле само 16 дечињата од предучилишна возраст од 486 невакцинирани.

Инаку вчера епидемиолозите објавија дека морбилите се проширија и во Куманово и во Шуто оризирани каде регистрирале по еден заразен, но велат дека новите случаи не биле поврзани со тие во Радишани.