„Матица македонска“ го почнува одбележувањето на 25-годишниот јубилеј
Со низа издавачки проекти и програмски активности во текот на календарската 2016 година „Матица македонска“ ќе одбележи 25 години од основањето, кое официјално издавачката куќа го слави во октомври.
По повод четвртвековниот јубилеј, од денеска до 29 февруари во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ ќе бидат организирани пладневни средби со истакнати македонски писатели, научници и публицисти.
Како што соопшти „Матица“, љубителите на македонската книга ќе имаат можност да се дружат со Стојан Тарапуза, Димитар Пандев, Катица Ќулафкова, Оловера Николова, Весна Мојсова-Чепишевска, Раде Силјан, Јован Јоновски, Ристо Стефановски, Витомир Митевски, Братислав Ташковски, Јован Стрезовски, Јусуф Сулејман, Матеја Матевски, Ефтим Клетников, Трајче Кацаров, Божин Павловски, Борче Панов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Цветан Грозданов, Блаже Миневски, Вера Битракова, Владо Камбовски, Димитар Ќорнаков, Танас Вражиновски, Кристина Николовска...
Ново на Сител
-
Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување