Матеуш Моравиецки : Полјаците ќе ја напуштаат Британија по Брегзит
Полскиот заменик премиер, Матеуш Моравиецки изјави во Лондон дека полските државјани кои сега живеат и работат во Велика Британија, ќе почнат да си заминуваат, по изгласаниот Брегзит.
Во разговор за радио Би-Би-Си, Моравиецки вели дека една четвртина од Полјаците кои живеат на британска територија, може да бидат приморани да ја напуштат Британија и да се вратат во Полска.
-Претпоставката е дека овде, во Британија има помалку од 900 илјади Полјаци, но во следните десет години, неколку стотина илјади од нив сигурно ќе се вратат назад-вели Моравиецки.
Според полскиот заменик премиер, сега Полска е сосема поинаква земја од онаа од која многу Полјаци заминаа по 2004 година (кога Полска сатана членка на ЕУ) , затоа што има мала невработеност, високо образовани кадри и еконмски раст каков нема ниту една членка во ЕУ.
Изјавата на полскиот заменик премиер доаѓа по бруталното убиство на еден полски државјанин и ранувањето на друг, од банда тинејџери кои ги нападнале двајцата Полјаци само затоа што зборувале на полски јазик.
Моравиецки изразува жалење за инцидентот, особено што полицијата се сомнева дека е злосторство од омраза и предупредува на опасноата која стои за многу Полјаци, затоа што нападите и навредите врз етничка основа ,се засилени по изгласаниот Брегзит.
Полскиот заменик министер престојува во Лондон за разговори со британскиот министер за надворешна трговија Лијам Фокс, еден од предводниците на кампањата за напуштање на ЕУ.
Ново на Сител
-
Регистриран вкупно 31 пожар на отворен простор - Активни седум, два локализирани
-
Европскиот парламент ќе гласа по извештајот на Вајц
-
Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти
-
Државниот министер за надворешни работи на Катар во посета на Скопје
-
На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата